Види, летам! - гостување во Штип
саб., 18 ное.
|НУЦК „Ацо Шопов“ - Театар Штип
Вондерленд театар го претставува својот најнов театарски проект, „Види, летам!“ – истражување на предизвиците со кои се соочуваат лицата со статус на бегалци, барателите на азил и лицата без државјанство.
Време и локација
18 ное. 2023 г., во 20:00
НУЦК „Ацо Шопов“ - Театар Штип, General Mihajlo Apostolski 21, Shtip 2000, North Macedonia
За настанот
Изработена од драматургот Ана Трпеноска, продукцијата ја црпи својата инспирација од автентичните наративи, искази и приказни на луѓето со кои и за кои работи УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци. Овие лица храбро ги споделија своите искуства анонимно за време на работилниците водени од тимот на Вондерленд Театар.
Поддржана во рамки на партнерството помеѓу Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНЦХР) и Младински образовен форум (МОФ), „Види, летам“ на Вондерленд Театар,не само што ветува дека ќе ја воодушеви публиката, туку и се обидува да ја поттикне емпатијата со бегалците и лицата без државјанство. Со доближување на овие важни човечки приказни, продукцијата има за цел да поттикне подлабоко разбирање и поврзување во нашата заедница.