„Работи за кои не зборуваме“ - гостување во Штип
пон., 27 ное.
|НУЦК „Ацо Шопов“ - Театар Штип
Вондерленд театар со својата театарска претстава „Работи за кои не зборуваме“ ќе има свое гостување во Штип, во рамките на кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство.
Време и локација
27 ное. 2023 г., во 20:00
НУЦК „Ацо Шопов“ - Театар Штип, General Mihajlo Apostolski 21, Shtip 2000, North Macedonia
За настанот
„Работи за кои не зборуваме“ е театарски проект кој со помош на интимни и емотивни приказни има за цел да се справи со општествените прашања што се премолчуваат и избегнуваат. Текстот на претставата се заснова на лични монолози на актерите, анонимни приказни кои се собрани од онлајн прашалник, како и документарен материјал од медиумите. Претставата се фокусира на длабоко вкоренетата патријархална структура која го обликува нашето општество со векови, религиозното влијание, сексуалната злоупотреба, дискриминацијата и психолошките проблеми со кои поединците се соочуваат редовно. На трагикомичен начин тимот го критикува балканското патријархално милје, а во исто време предизвикува дискусија за неопходноста од општествени промени. Публиката ќе биде привлечена од различни патеки за лична меморија на различни луѓе исполнети со болка, траума, страв, како и среќни моменти во животот. Автентичните сведоштва, интимноста и храброста да се разоткрие се главните компоненти на овој театарски проект.