top of page

саб., 09 дек.

|

Народен театар Битола

„Работи за кои не зборуваме“ - гостување во Битола

Вондерленд театар со својата театарска претстава „Работи за кои не зборуваме“ ќе има свое гостување во Битола, во рамките на кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство.

Максималниот број на билети е веќе резервиран.
назад кон почетната страница
„Работи за кои не зборуваме“ - гостување во Битола
„Работи за кои не зборуваме“ - гостување во Битола

Време и локација

09 дек. 2023 г., во 20:00

Народен театар Битола, Shirok Sokak 60, Bitola 7000, North Macedonia

За настанот

„Работи за кои не зборуваме“ е театарски проект кој со помош на интимни и емотивни приказни има за цел да се справи со општествените прашања што се премолчуваат и избегнуваат. Текстот на претставата се заснова на лични монолози на актерите, анонимни приказни кои се собрани од онлајн прашалник, како и документарен материјал од медиумите. Претставата се фокусира на длабоко вкоренетата патријархална структура која го обликува нашето општество со векови, религиозното влијание, сексуалната злоупотреба, дискриминацијата и психолошките проблеми со кои поединците се соочуваат редовно. На трагикомичен начин тимот го критикува балканското патријархално милје, а во исто време предизвикува дискусија за неопходноста од општествени промени. Публиката ќе биде привлечена од различни патеки за лична меморија на различни луѓе исполнети со болка, траума, страв, како и среќни моменти во животот. Автентичните сведоштва, интимноста и храброста да се разоткрие се главните компоненти на овој театарски проект.

Сподели го овој настан

Event Info: Events
bottom of page